Скопје ја поддржува визната либерализација за Приштина

од Nikola Popovski
182 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека нашата земја го поддржува воведувањето на визна либерализација за Приштина и изјави дека С. Македонија како претседавач со ОБСЕ е подготвена за примена на делови од договорот меѓу Косово и Србија постигнат во Охрид, но само со согласност на двете страни.

На прашањето каков е неговиот став за формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), Пендаровски рече дека Северна Македонија има еднаков однос со двете страни.

Претседателот на заедничката конференција со косовската претседателка, Вјола Османи рече дека С. Македонија и Косово имаат одлична билатерална соработка и дека овој тренд треба да продолжи бидејќи двете земји мора да се поддржуваат меѓусебно во нивните напори и на патот кон европската интеграција.

Слични содржини