Скопје отвора нова Ботаничка градина: 4.600 уникатни дрвја на површина од 12.600 квадратни метри

од desk4
465 прегледи

Градот Скопје најавува отворање на нова Ботаничка градина која ќе биде сместена во Зоолошката градина на површина од 12.600 квадратни метри. Во неа ќе бидат засадени повеќе од 4.600 уникатни дрвја и садници. Оваа нова градина ќе нуди различни содржини за посетителите, вклучувајќи видиковци, нова урбана опрема и други објекти.

Планот за Ботаничката градина е да вклучува автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, алохтони видови кои се внесени од други региони, како и ендемични растенија што се специфични само за Македонија. Оваа разновидност на растенија ќе овозможи на посетителите да искусат и уживаат во различни природни биолошки системи на едно место.

Подигнувањето на Ботаничката градина има големо значење за граѓаните, особено за тие кои се заинтересирани за природата и научните аспекти поврзани со неа. Зошто на истиот простор посетителите ќе имаат можност да ги истражат историските и научните содржини на Природно-научниот музеј, Зоолошката градина и новата Ботаничка градина.

Оваа иницијатива е дел од програмата “За Модерно Скопје” која има за цел да создаде нови зелени простори во градот. Со овој проект, градот Скопје и неговите жители добиваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесат за подобрување на животната средина и квалитет на живот на граѓаните.

Слични содржини