Скопје речиси празно – утре неработен ден

од Берта Китинска
248 прегледи

Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај 2022 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честитаат празникот.

Многумина граѓани си го споија и денешниот ден со утрешниот, па така одмораат четири дена.

ЦУКС известува дека во овие утрински часови помала раздвиженост на возила единствено се забележува долж, бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда и обратно.

Слични содржини