Скопјани и Македонија се сеќаваат на овој ден пред 52 години кога катастрофалниот земјотрес однесе над 1000 , повредеи преку 3000 и ги разурна домовите на уште толку скопјани. Земјотресот остана во сеќавањата на сите генерации до ден денешен,. Остана сеѓавањето дека им солидарност и хуманост а тоа го покажа светот токму тоие денови кон Скопје и Македонија.

Денеска во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.