Скопје со редуциран градски превоз, недостасуваат автобуси

од Nikola Popovski
58 прегледи

Денеска Скопје со редуциран автобуски превоз. Дел од приватните превозници на секоја линија ќе сообраќаат по еден автобус еднаш во денот, наутро или навечер, што значи дека на скопските улици ќе има 100-на автобуси помалку.

Приватните превозници се решиле на ваквиот чекор поради како што велат, долгот на град Скопје кон нив, во висина од 2 милиони евра, како и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот.

Од Град Скопје тврдат дека автобуси во понеделник ќе има. Обвинуваат дека одлуката била политички мотивирана.

„Лага е дека нема да возат приватните превозници. Од трите пакети со кои оперираат, нема да возат само оние чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување хаос врз грбот на граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Во меѓувреме, фирмата која има дозвола за шест линии, денеска нема да се вклучи во блокадата. Го почитувале договорот со ЈСП, па нивните автобуси утре ќе го сообраќале стандрадниот возен ред. Се работи за линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55.

Премиерот Христијан Мицкоски не ја прифати подадената рака од Арсовска и го одби нејзиниот предлог набавката на 250 еко автобуси да оди преку Владата, а истите да ги плати Град Скопје. Притоа и порача да почне да ги подмирува долговите.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски најави дека ќе се обидат да поправат околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, но секако ќе недостасуваат уште околу 100.

Слични содржини