Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО, повторно ќе се одлучува за притворот на Кочан

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Апелацискиот суд Скопје ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра на бизнисменот Сеад Кочан за да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, соопштија од судот. Апелацискиот суд ја донел одлуката за укинување на гаранцијата, на седница што била одржана во вторникот. Сега предметот се враќа на повторно одлучување кај судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.

– Судот, во конкретниот случај оцени дека во прилог кон понудената гаранција не биле доставени сите потребни докази релевантни за законито одлучување по предлогот од кој би се утврдила основаноста на понудената гаранција, стои во соопштението на судот објавено на 7 јуни.

Бизнисменот Сеад Кочан е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“. Се товари дека како сопственик на Трансмет заедно со уште две фирми со кои настапиле како конзорциум, фалсификувале документи со кои добиле тендер од над 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.