Наплив на пациенти, зголемени листи на чекање. Градската општа болница „8-ми Септевмри“ нема доволно капацитет да се справи со ваквата слика, пренесува Телма.
![bolnica_8-mi_septemvri_0[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/09/bolnica_8-mi_septemvri_01-670x362.jpg)
Преку 220 илјади амбулански прегледи годишно не се доволни да се опслужат сите пациенти.
Болницата кадровски е екипирана, но недостасува простор за навреме да се дадат здравствените услуги , вели директорот на болницата Сашо Стојчев.
-За разлика од минатата година, оваа година имаме веќе над 25 % поголем обрт на прием на пацинети на амбулантско-поликлиничката и на над 12 % во болничките услови. Бројот на докторите ги задоволува и европските и светските стандарди и сега се обидуваме да изнајдеме простории каде да ги ангажираме да работат повеќе во амбуланстко-поликлиничата служба, како би ги смалиле листите на чекање, кои во оваа болница се малку подолги за разлика од другите, бидејќи пацинетите вршат избор, вели Сашо Стојчев, директорот на ГОБ “8-ми Септевмри“.
-Кога би броеле нели спрема потребите кои сега се наметнуваат во градот, а веројатно тука еден голем недостаток е во здравствениот дом, најмногу навала имаме на урологија и ортопедија. Така да се наоѓаат сите можности, распишуваме мал тендер од 2000 евра за да се направат проекти да се види кои се` простории, ќошеви, широки ходници можат да се преадаптираат за дополнување амбуланстко-поликличничката служба, објаснува Стојчев.
Просторот е проблем и за новата опрема во болницата. Дел е веќе ставена во функција и треба да ја забрза работата во оваа здравтсвена установа, дел се`уште чека, а ќе се набавува и нова.
На промоција на медицинска опрема во болницата денеска се појави министерот за здравство Никола Тодоров, но не понуди решенија за надминување на проблемот, освен констатација дека апаратите во комбинација со едукацијата на лекарите во странство ќе ја подобрат работата на 8-ми Септември.