149
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за користење мобилен телефон при возење…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од скопската полиција.