Скопски „Комуналец“ ќе бара формирање на комунална полиција

од Nikola Popovski

Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева Николиќ денеска на прес-конференцијата преставувајќи ги реализираните активности, истакна дека во текот на изминатиот месец се извршени засилени контроли на територијата на Скопје, при што биле констатирани бројни прекршувања на Законот за јавна чистота преку одлагање отпад на јавни површини од страна на физички лица и правни субјекти.

Мазнева истакна дека е неопходно постоење на комунална полиција и оти до Градот Скопје ќе достават иницијатива за нејзино формирање.

– Апсолутно дека ќе се преземат и понатаму ќе преземаме мерки во овој дел. Го изразувам моето најдлабоко жалење што ние како „Комунална хигиена“ едноставно немаме можност да казнуваме. Во голем број земји во регионот, кои што се во нашето најблиско соседство, постои нешто што се нарекува комунална полиција и тоа е регулирано согласно закон. Ние со нашите служби во претпријатието постојано разговараме на оваа тема и ќе преземеме иницијатива која што ќе ја пратиме до Градот Скопје за да може да се стори нешто во овој дел, па и ние како останатите земји во регионот да имаме комунална полиција, најави Мазнева Николиќ.

Слични содржини