Скопските и утре блокирани поради „Ден без автомобили“

од desk2
80 прегледи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“, со кое ќе се одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, потоа по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот „ВМРО“, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8-ми Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Слични содржини