Вистински хаос на скопските сообраќајници, граѓаните револтирани (ГАЛЕРИЈА)

од Vladimir Zorba

Раскопани улици, паркирани машини, метеж, нервозни граѓани, расправии е само дел од мачната слика на скопските улици на која граѓаните се сведоци секој ден.

Скопје буквално врие поради ситуацијата во главниот град, а важните сообраќајни артерии со месеци не рдаат од место.

Една обиколка околу поголемите улици ја покажува неработата на градските власти. Па така ул.Теодосиј Гологанов која поминува низ центарот на градот е закочена во една лента веќе неколку месеци.

Покрај нервозните возачи, и граѓаните од околните згради се жалат на бавноста на Градот во нејзината реконструкција.

Една од најважните скопски улици, улицата „Даме Груев“ исто така е раскопана и тука се прави голем застој на граѓани кои се обидуваат да стигнат до своите работни места.

Веќе втора година како се одвиваат и градежните активности и проширување на булеварот „Киро Глигоров“

Слична е ситуацијата и на улицата „Есенинова“ која ги врзува општините Аеродром и Кисела Вода.

Граѓаните секојдневно упатуваат апели до градоначалничката Данела Арсовска и до градските власти да почнат да го средуваат хаосот кој владее на скопските улици, но засега сето тоа се одвива бавно и без посакуваните резултати.

Фото: Ангел Ангеловски

Слични содржини