Скопјанка крадела во продавница во Гостивар

од Nikola Popovski
261 прегледи

Скопјанка е уапсена во Гостивар откако крадела од продавница, велат од полицијата.

На 04.01.2023 околу 21.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 39-годишната Е.Ј. од Скопје, со времен престој во Гостивар.

Таа се сомничи дека е инволвирана во разбојничка кражба пријавена на 31.12.2022 во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар.

Жената била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Слични содржини