175
Скопје и утринава е на листата светски најзагадени градови , но е единствен од Eвропа и Балканот. Се наоѓа на десетото место со индекс на загадување 165.
Во моментов, според платформата „Ај-Кју-Ер“ во Скопје се измерени 83 микрограми на кубен метар пм 2,5 честички, а пм 10 честичките се со концентрација од 107.5 микрограми на кубен метар.
Концентрацијата на пм 2,5 во Скопје во моментов е 16,6 пати поголема од дозволеното.
Големо загадување има и во Тетово каде индексот е 178.