Скопје моментално четврти најзагаден град во светот

од Nikola Popovski
216 прегледи

Граѓаните на Скопје денеска дочекаа екстремно загаден воздух, при што главниот град се најде на 4-то место на најзагадени градови во светот. Вака покажуваат мерењата на платформата „IQAir“.

Според податоците, врз основа на последното мерење во 13 часот, Скопје е четврти најзагаден град во светот со индекс на загаденост 183, кој се карактеризира како штетен по здравјето.

Од регионот на првите 10 најлоши позиции се најде и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, кој е на третото место и Софија во Бугарија кој е на деветото место.

Според објавата на веб-страницата iqair.com, во главниот град на земјава се измерени 115,1 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Ректорат и Центар.

Слични содржини