199
Големо аерозагадување е забележано и утрово во Скопје, откако „IQAir“ објави дека главниот град на Македонија се наоѓа на 21-то место на листата со најзагадени градови во светот.
Скопје со индекс на загаденост 142 повторно се најде на непопуларната листа, а најмногу во воздухот се измерени опасните честички PM2,5.
Пред македонската метропола на листата се наоѓаат градови од Кина, Индија, а најзагаден град во светот утрово е Акра во Гана.