Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, потврдени се 293 нови инфекции со коронавирус, а 13 лица починале, според институциите во таа земја.
Во изминатите 24 часа, во Институтот за јавно здравје на Федерацијата на БиХ биле пријавени 1.526 примероци, од кои 234 биле позитивни за Ковид-19.
Досега се тестирани вкупно 112.225 лица, а вирусот бил потврден кај 11.101.
Заклучно до денес, 7.790 пациенти се излечиле во Федерацијата на БиХ, а во изминатите 24 часа е забележано закрепнување кај 162 пациенти. Во моментов, активни се 3.006 случаи позитивни за САРС-КоВ-2.