Скриени симптоми на високиот крвен притисок

од Stefanija Kuzmanovska
774 прегледи

Високиот крвен притисок или хипертензија е еден од најголемите фактори на ризик за кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања.

Истражувањата покажуваат дека речиси 40 отсто од возрасните во светот страдаат од оваа појава, а доколку навреме не се контролира може да биде опасна по живот. Како што пишува Times of India, постојат некои скриени знаци кои можат да укажуваат на висок крвен притисок, а многу луѓе ги игнорираат.

Вртоглавица
Ненадејните промени на крвниот притисок може да доведат до голем број необични несакани ефекти кои многумина не би ги ни поврзале со него, а една од нив е вртоглавица.

Како што објаснуваат лекарите, многу луѓе можат да страдаат од вртоглавица долги години без да знаат дека тоа е поврзано со високиот крвен притисок.

Анксиозност
Покрај вртоглавица и можни проблеми со рамнотежата, луѓето со висок крвен притисок може да доживеат и вознемиреност.

Ненадејните промени во крвниот притисок доведуваат до чувство на вознемиреност или анксиозност.

Главоболка
Главоболката е чест несакан ефект на многу здравствени проблеми, вклучувајќи го и високиот крвен притисок.

Лекарите објаснуваат дека доколку забележиме дека нè боли главата почесто од вообичаено, треба да побараме стручна помош бидејќи, меѓу другото, може да биде и поради висок крвен притисок.

Проблеми со спиењето
Најчестите проблеми со спиењето што ги имаат луѓето вклучуваат несоница, дневен замор и апнеја при спиење или ненадеен прекин на дишењето за време на спиењето.

Лекарите објаснуваат дека една од причините за овие тегоби може да биде токму зголемениот крвен притисок.

Слични содржини