Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип.