Малата островска држава Комори во Индискиот океан, сакала да се вклучи во борбата против коронавирусот, па на Кина и дала симболичен подарок од 100 евра за помош.
Церемонијата на врачување на подарокот се одржала во главниот град на земјата Мороија уште на почетокот на јануари, но локалните медиуми за неа известувале дури во последниве денови.
Делегацијата која ја предводел доктор Ахмад Мса Млива му врачила на кинескиот амбасадор симболична сума од 100 евра, подарок наменет за купување на маски.
„Ги знаеме капацитетите и средствата на Кина, но со овој гест државата сакаше на кинескиот народ да му покаже колку Комори се загрижени“, изјавил Млива.
Исто така ги пофалил кинеските власти за комуникацојата и соработката со меѓународните организации кои се борат против епидемијата на коронавирусот, што тој го опишал како „сложено и болно искуство“.