Скубе останува во Вардар до 2022

од Vlatko K
91 прегледи

Словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи
договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај
„црвено-црните”, соопштија на сајтот на клубот.

Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата. Во финалето на СЕХА лигата
против ППД Загреб имаше реализација 5/5, а во финалето од ЕХФ Лигата на шампионите
реализација 3/5.

Со Вардар сезонава освои четири трофеи, почнувајќи од домашниот Суперкуп, па СЕХА Газром
лигата, првенството на Македонија и ЕХФ Лигата на шампионите