Skye & Ross со своето музичко совршенство создадоа храм на трип-хопот во МКЦ

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Концертот на Skye и Ross од Моrcheebа, беше еден од оние концерти во кои артистите ти приоѓаат лично. Во првите мигови полусрамежливо започнуваат да споделуваат делови од себе преку изведбата на своето творештво, публиката тоа го чувствува и затоа непосредното, искрено запознавање трае кусо, за потоа ненаметливо и полека, да се растопат сите присутни во една силна наелектризирана енергија која телепортира до небото.fullsizerender-35

Со отсвирувањето на првите тонови на „Trigger Hippy“  од Ross, Richard, Jaega и Steve и самото излегување на сцената на Skye, таа ја утврди својата незаменливост. Skye е една таква грациозност која зрачи како физички, така и музички. Цветната тиара не ѝ прилега единствено поради тоа што таа не е кралица, туку божица. Ако некогаш ни проговорела мајката природа, веројатно било со гласот на Skye низ изведбата на „The Sea“.fullsizerender-33

Вокалот на Skye и музиката на Ross некогаш одамна се допреле во своето совршенство и оттогаш останале таму, а сега творат од тој ист пункт кој хипнотизира и за време на своите изведби го претвора просторот околу нив во светилиште на само за нив својствениот посебен звук, кој ако би морале некаде да го сместиме, најдобро би било да го наречеме Морчиба трип-хоп.

fullsizerender-32fullsizerender-31

За време на вчерашниот концерт, тие не само што го споделија своето уметничко ремек-дело, туку ја вовлекоа публиката во него и со својата отвореност дозволија да се почувствува како дел од неговото создавање.fullsizerender-34

Изведувајќи ги во малата “Dаncing Room“ во МКЦ последните дела од нивниот најнов проект наречен Skye&Ross, но и големите хитови од деновите на Morcheeba, како „The Sea“, „Blindfold“, „World Looking In“, „Otherwise“ „Blood Like Lemonade“…. овие артисти го одведоа слушателот во транс, во кој клепките тежат и разумот отпловува, за во еден миг да отвориш очи и во неверување забележиш дека отелотвореното божество ти е на дофат на рака, па добиеш наплив на трема дека си сведок на или дел од такво ретко доживување.

15193602_1347143438632264_900637731458305950_n

Фотографија која ја сними самата Skye на концертот од бината.

По едно заминување и враќање на сцената, концертот заврши брзо и со многу неотпеани песни за верните обожаватели. Но, со толкаво творештво, дали некогаш би било доста?

15178156_1347143451965596_8672018687108658575_n

Sкye ги сподели фотографиите изразувајќи воодушевување од “гласноста“ на публиката.

Концертот беше уште едно остварување на одличната програма на Таксират 18. Следат уште музички искушенија, а повеќе можете да се информирате ТУКА.

Ф.А.