Слаб дожд по котлините, на планините снег

од Nikola Popovski
217 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. По одделни котлини со појава на магла, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне магливо со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.

Слични содржини