154
Природен и здрав сладолед од вишни за освежување и уживање.
СОСТОЈКИ:
500 гр. исчистени вишни
500 мл. слатка павлака
350 мл. кондензирано млеко
100 гр. шеќер во прав
1 лажица екстракт ванила
75 гр. црно чоколадо
ПОДГОТОВКА:
Се мијат и чистат вишните и се ситнат во блендер.
Се меша кондензираното млеко со шеќерот во прав и со ванила и се става во пирето од вишни.
Се мати прво павлаката се во цврст шлаг и се додава смесата од вишните, па се меша на крај и ситно сецканото или рендано чоколадо.
Се става во сад за сладолед и се замрзнува најмалку шест часа.
Горе декорирајте си со сируп од вишни или некој овошен прелив.