Слаѓана Тасева избрана за Декан на Интернационалната Анти-корупциска Академија (IACA)

од Nikola Popovski
189 прегледи

Слаѓана Тасева е избрана за Декан на Интернационалната Анти-корупциска Академија (International Anti-Corruption Academy – IACA , https://www.iaca.int/ ) со седиште во Виена, Австрија.

IACA беше иницирана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), ИНТЕРПОЛ, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Република Австрија и други засегнати страни.

Мисијата на Академијата е да обезбеди и олесни антикорупциско образование и обука за професионалци и практичари од сите сектори. Академијата ги унапредува целите на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција, го промовира владеењето на правото и обезбедува поддршка и техничка помош за државите, организациите, корпорациите и другите засегнати страни.

Слични содржини