Славен Билиќ доби отказ од ВБА

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Англискиот фудбалски клуб Вест Бромвич Албион го отпушти шефот на стручниот штаб, Славен Билиќ.

Оваа вест делува малку изненадувачки, особено ако се знае дека хрватскиот стручњак ја предводеше ВБА до голем бод вчера против Манчестер Сити на „Етихад“ (1:1).

Овој тим по 13 одиграни кола е на претпоследното место на табелата со седум бода, а досега оствари само еден триумф.

Билиќ е на клупата на Вест Бромвич Албион од летото 2019 година, а во првата сезона како менаџер успеа да го донесе тимот во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Сепак, слабите резултати на почетокот од Премиер лигата го чинеа работата 52-годишниот тренер од Сплит.

Главни кандидати да го заменат се Сем Алдердис, Најџел Пирсон, Еди Хау и Марк Хјуз.

Слични содржини