Пaрдју пред отказ по само 12 недели работа во ВБА

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Вест Бромвич, Алан Пардју е пред отказ, објавија медиумите на Островот.

Според најновите информации, специјалистот може да биде отпуштен ако изгуби од дебитантот Хадерсфилд за време на викендот.

Тој го презеде тимот само пред 12 недели, но ситуацијата во тимот не се подобри и тимот моментално го зазема последното место на табелата и заостанува 7 поени од зоната за спас.

Покрај тоа, тимот е во серија од три последователни порази во англиската елита.

56-годишниот Пардју освои само еден натпревар по преземањето на клубот.

Слични содржини