Славески: Арсовска на чуден начин се откажа од мнозинството- нејзината работа би била јалова без соработката со Советот

од Берта Китинска
282 прегледи

Очекувам Советот на Град Скопје и во иднина да работи ефикасно. Единствената разлика е во тоа што градоначалникот Арсовска ќе го нема комодитетот што го имаше до пред извесно време позади себе да има стабилно мнозинство во Советот што ги поддржуваше сите нејзини предлози, иако понекогаш советниците имаа дилеми дали да го дадат својот глас за одреден предлог, вели во интервју за „Локално“ Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Претседател на Советот на Град Скопје појаснува дека градоначалничката на чуден начин се откажала од тоа мнозинство, додавајќи дека според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната седница се покажало дека од вкупно 45 советници таа има поддршка само еден советник.

-Искрено, не очекував дека состојбите ќе ескалираат до овој степен. Градоначалникот Арсовска во изминативе неколку недели на прашања на новинари и на нивно чудење во неколку наврати истакна дека немала комуникација со претседателот на Совет на град Скопје од самиот почеток на мандатот затоа што „немало прашања за кои можела да се консултира“. Во досегашната кариера сум сретнал разни карактери и се приспособив на нејзиниот однос и Советот до сега работеше многу ефикасно. По цели две години организирање седници по електронски пат од самиот почеток преминавме на седници со физичко присуство. Советот и советниците беа до таа мера ефикасни што во изминатите десет месеци се одржани и целосно завршени 18 седници, на кои е дебатирано и се донесени одлуки по сите точки предложени од градоначалник и од советниците.Очекувам Советот и во иднина да работи ефикасно. Единствената разлика е во тоа што градоначалникот Арсовска ќе го нема комодитетот што го имаше до пред извесно време позади себе да има стабилно мнозинство во Советот што ги поддржуваше сите нејзини предлози, иако понекогаш советниците имаа дилеми дали да го дадат својот глас за одреден предлог. Таа на чуден начин се откажа од тоа мнозинство и според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната 18-та по ред седница се виде дека од вкупно 45 советници таа има поддршка од само еден советник (од партијата ГРОМ), подвлекува претседател на Советот на Град Скопје

Славески потенцира дека мнозинството во Совет на град Скопје, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, ќе ги поддржи сите проекти од програмата „За модерно Скопје“ со која градоначалничката победила на минатогодишните локални избори, додавајќи дека во овој момент нема потреба од предвремени локални избори.

-Се надевам дека градоначалникот Арсовска конечно ќе разбере дека нејзината работа би била јалова без соработка и поддршка од членовите на Совет на град Скопје. Во спротивно, Советот има голем број квалитетни и активни советници, од мнозинството и од опозицијата, кои се подготвени да предлагаат иницијативи и да носат одлуки, се разбира во рамките на програмата „За модерно Скопје“, кои градоначалникот и сите институции во надлежност на градот ќе мора да ги спроведуваат, вели тој во интервјуто за „Локално“.

Слични содржини