Славески: Пендаровски и Мицкоски не беа лути противници, туку само немаше соработка

од Nikola Popovski
298 прегледи

„Мицкоски и Пендаровски не беа лути противници, туку само немаше соработка од причини што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги кажа пред 9 месеци“, изјави професорот Трајко Славески, член на извршниот комитет на најголемата опозициска партија, за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, тоа што денес ќе се случи во вилата на Водно е охрабрувачки потег, од кој што ќе има видливи ефекти во намалување на поларизацијата на македонското општество.

Пендаровски денеска ќе оствари средба со Мицкоски кој побарал таква средба. Претходно меѓу нив имало телефонски разговор, со кој, како што наведуваат во ВМРО ДПМНЕ се одмрзнуваат односите меѓу Мицкоски и Пендаровски. На денешната средба ќе се разговара во врска со осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба.

Слични содржини