Славески: СДСМ сака владините претставници на следното патување да одат еден месец со брод, а претходно со воз од втора класа до брегот

од Nikola Popovski
675 прегледи

„Опозициската СДСМ протестира зошто премиерот и неколку владини министри на неодамнешното патување во САД со авион користеле бизнис класа. Можеби сакаат високите владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од италијанското пристаниште Џенова, откако претходно со воз втора класа би пристигнале до брегот на Италија“. Вака реагира поранешниот министер и актуелен претседавач со Советот на Град Скопје, Трајко Славески по обвинувањата од СДСМ за патувањето на владината делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Славески вели дека не е сигурен оти ваквото патешествие би било поефтино за македонските даночни обврзници.

-Сигурно во Владата, од некој претходен состав, постои правилник со кој е уредено кој може да користи бизнис класа при патување со авион, и под кои услови. Тоа од СДСМ не го кажуваат. Многу е веројатно, а така било и во минатото, високи владини функционери да може да патуваат со бизнис класа на прекуокеанските летови, наведува Славески меѓу другото.

Дециден е дека за да можат нашите претставници да бидат продуктивни уште од првиот ден по пристигнувањето на крајната дестинација, неопходно е да патуваат со бизнис класа.

-Впрочем, овој оддел во авионите, каде што навистина се плаќа два до три пати повисока цена од “економи” класата, е наменет токму за таков тип на клиентела која во ограничен временски период треба да оствари амбициозна агенда, во интерес на некоја компанија или државен интерес, посочува поранешниот министер во својата објава на „Х“.

Утрово од најголемата опозициска партија повторно обвинија за скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри.

-Кога треба да се покачи минимална плата за работниците Мицкоски и министрите на ДПМНЕ во Владата велат нема пари. Е ама кога треба Мицкоски и министрите да патуваат, тогаш гледаме луксузирања, скапи карти од речиси 20.000 евра, бизнис класи, бројни делегации па дури и прибирање на членови од семејствата.

За ова ли се прават нови задолжувања? Да има за Мицкоски пари да се луксузира? За нови часовници од 60 илјади евра во колекцијата, прашуваат од СДСМ.

Слични содржини