Славески за царините на САД: Иако градиме добри односи, овде нема сентимент

од Nikola Popovski
90 прегледи

Овде нема сентимент. Ако некој забележува дека ние градиме добри односи и стратешки партнери, гледаме дека и многу поважни стратешки партнери како ЕУ се повеќе погодени од Македонија. Македонија учествува со многу мал процент во увозот, а како трговски партнер, САД се на 24 место на листата на наши трговски партнери, изјави денеска професорот и екс-министер за финансии, Трајко Славески за воведените царини на САД за увозот од Македонија.

Според Славески има разлика во податоците – САД во табелата имаат наведено дека со нас имаат дефицит од 112 милиони долари, а ние кажуваме дека немаме дефицит и сега малку, како што вели, тоа е чудно.

-Ако европската економија биде погодена во следните неколку месеци, тоа не може да не се одрази и кај нас, рече меѓу другото професорот.

Слични содржини