Следната генерација на Mercedes AMG C63 ќе биде хибрид

од desk2
111 прегледи

Mercedes-AMG мора да се придржува до се поострите мерки за емисија на гасови, па директорот Тобијас Моерс, откри дека следниот AMG C63 ќе биде хибрид.

Моменталната генерација C63 се движи со помош на 4,0-литарски твин-турбо V8 со 476 коњски сили, додека најсилната S верзија има 510 коњски сили.

Претставен на саемот во Њујорк, унапредениот AMG C63 за 2018 година има нов деветстепен автоматски менувач (наместо досегашниот седумстепен), додека ентериерот е збогатен со мултимедија со 12,3 инчен екран.

Моерс не откри повеќе детали околу идниот хибриден погон, но звучеше исклучително оптимистично по повод електрификација на возилата, зборувајќи за „интелигентен хибриден систем“.

„Сигурен сум дека ќе го пронајдеме вистинското решение по тоа прашање“, изјави Моерс.

Директорот на AMG одделението најави и погон на сите четири тркала за следната генерација C63, нешто слично на она што BMW го направи со новиот М5, претставувајќи го M xDrive системот.

Меѓутоа, актуелниот C63 уште долго ќе биде на пазарот, освежената верзија ќе се појави дури на пролет 2019 година, што значи дека хибридната генерација ќе заживее дури следната деценија.