Следниот викенд се одржува Галичката свадба, објавени овогодинешните зет и невеста

од Nikola Popovski
23 прегледи

Следниот викенд ќе се одржи шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд. Како што објавија од МЗ Галичник, овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски.

-Драги галичани и љубители на Галичник, со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата, се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник.

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба, како што се чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле” и други обичаи.

Слични содржини