Следува продолжен викенд: Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија

од Берта Китинска
286 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 24 Мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ , ден на сесловенските просветители.

Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на верниците од исламската вероисповест-Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Поради тоа, понеделник, 25 мај, ќе биде неработен за сите граѓани во нашата земја.

Министерството за труд и социјална политика ги честита празниците на сите граѓани.

Слични содржини