241
На Меѓународниот aеродром Скопје слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт.
Со настан организиран од ТАВ Македонија на скопскиот аеродром, по повод отворањето на новата авиолинија Франкфурт – Скопје со германската авиокомпанија „Луфтханза“, се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.
На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт го пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.
Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата.
„Луфтханза“ од денеска ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно.