Приватниот авион на Џенифер Анистон и Кортни Кокс мораше да слета принудно околу 30 минути по полетувањето.
Машината со двете холивудски актерки била упатена кон аеродромот во Онтарио, Калифорнија, кога пилотот забележал дека едната од гумите на слетување недостасува.
Ѕвездите, заедно со група пријатели, летале од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес за луксузното мексиканско одморалиште Кабо Сан Лукас, каде требало да го прослават 50-от јубилеј на Анистон. Техничкото оштетување било воспоставена, кога авионот бил во мексикански воздушен простор и била донесена одлука да се врати назад, бидејќи недостасувањето на гума може да создаде проблеми при слетувањето, соопштува “Контакт мјузик”.

Приватниот авион летал над Онтарио над 3 часа, за да изгори доволно гориво и да може да слета колку е можно побезбедно. Сите патници – вклучувајќи ја и актерката Аманда Анка и сценаристката Моли Киммел се неповредени и успеале да фатат друг лет за Кабо Сан Лукас.