Слика на Пикасо продадена за 103,4 милиони долари

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Сликата на Пабло Пикасо „Жената што седи близу прозорецот (Marie-Therese)“ е продадена за 103,4 милиони долари во четвртокот за време на аукцијата организирана во Christie’s во Њујорк.

Платното од 1,46 м на 1,14 м, насликано во 1932 година, беше продадено по повеќе од 19 минути борба меѓу колекционерите.

Делото, кое ја претставува љубовницата и музата на Пикасо, речиси двојно го зголеми износот на првичната проценка дадена од Christie’s, што беше 55 милиони долари, пренесе Хина.

Продажбата ја потврдува виталноста на пазарот за уметност, кој всушност не страдаше од пандемијата, но и од посебниот статус на Пабло Пикасо (1881-1973).

Истата слика продавачот ја купи пред само осум години на продажба во Лондон за 28,6 милиони фунти или околу 44,8 милиони долари.

Пет дела на шпанскиот сликар сега го надминаа симболичниот праг од 100 милиони долари, а најскапа е „Les femmes d’Alger“, кој го држи рекордот со 179,4 милиони долари во мај 2015 година.

Само 14 слики во историјата надминаа 100 милиони долари на аукција. Освен Пикасо, италијанскиот уметник Амедео Модилјани е единствениот на списокот со повеќе од едно дело.

Слични содржини