Пикасо го сликал и Хитлер?

од Vladimir Zorba

Делото за кое италијанските експерти сметаат дека е на Пикасо ја здогледа светлината на денот. Со него шпанскиот уметник сакал да му оддаде почит на својот пријател, исто така сликар, Пол Кле од Германија, a на сликата е Адолф Хитлер.

Експертите се надеваат дека дополнителното истражување може да ја потврди автентичноста на делото.

Аналиса Ди Марија, експерт за уметност и член на комисијата на експерти за уметност и литература на Центарот на УНЕСКО во Фиренца, која го претстави делото, увери дека „тековното дело не може со сигурност да му се припише на Пикасо и дека сликата сигурно ќе има дополнително да се истражи“, но според неа, нема сомнеж дека тоа е дело на сликарот од Малага, пишува ЕФЕ.

Слични содржини