694
Од утре и приватниот превозник „Слобода превоз“ нема да вози бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не им плаќаат и им должат околу еден милион евра.
Од приватниот превозник велат дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката договорена на последниот состанок.
Автобуси нема да има на градските линии 9, 12, 22, 23 и 45. Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓани ќе бидат целосно отсечени од градот, пренесе „СДК“.