Слободата на медиумите сериозно загрозена во повеќе земји членки на Советот на Европа

од Vladimir Zorba
85 прегледи

– Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во синоќешната расправа изрази загриженост во врска со големиот број случаи на закани за слободата на медиумите во Европа, идентификувани од страна на платформата за заштита на новинарите и безбедноста на новинарите, создадена во 2015 година од страна на Советот на Европа.

Во резолуцијата усвоена од страна на ПССЕ по извештајот на Володимир Ариев (Украина, Европски народни партии), е регистрирано убиство 16 новинари од јануари 2015 година до моментот на изготвувањето на извештајот како последица на насилство во земјите-членки на Советот на Европа, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.

ПССЕ пособенопосебно е загрижено за “драматичната состојба на медиумите и новинарите во Турција” и ги повика турските власти да ги “ослободи притворените новинари кои не се обвинети за вмешаност во актите на тероризам “и за” преиспитување  на уредбите за вонредна состојба ” за оние кои дозволуваат одземања на медиумските компании и затворање на писатели и вработени во медиумите.

Пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа истакнаа дека ситуацијата е, исто така, загрижувачка во Руската Федерација, на полуостровот Крим окупиран од страна на Русија, и источниот дел на Украина и уште еднаш ја изрази својата загриженост за одмаздничките мерки врз медиумите во Азербејџан, жалејќи особено поради  употребата на кривичното право врз новинари и блогерите.

ПССЕ, исто така го осудува фактот дека слободата на медиумите е отсутна од териториите на земјите-членки кои се всушност контролирани од страна на сепаратистичката режими, вклучувајќи го и Нагорно-Карабах во Азербејџан, Абхазија и Јужна Осетија во Грузија и Транснистрија во Молдавија.

Парламентарците, исто така, дискутираа и за ситуацијата со медиумите во Унгарија, Полска, Грузија и Бeлорусија.

Покрај тоа, на ПССЕ потсетува дека независноста на јавниот радиодифузен сервис vis-à-vis властите мора да биде загарантирана, истакнувајќи дека “владите и парламентите не треба да се меша во администрацијата и уредувачката работата на радиодифузерите на” кои треба да утврдат внатрешни кодекси на однесување за новинарите и уредувачката независност vis-à-vis политички влијанија.

На крајот, ПССЕ му препорачува Комитетот на министрите на Советот на Европа да одвои доволно ресурси за функционирање на платформата, со што ќе се овозможи следење на сигналите на тревога дадени од новинарите и медиумите кога се загрозени нивните слободи и безбедност/МИА