„Слободна Палестина“: Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Арон Бушнел, американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, велејќи дека „нема да учествува во геноцидот“ во Газа, почина во болница.

Одделот за метрополитенска полиција на Вашингтон објави соопштение во кое потврди дека 25-годишниот Бушнел починал откако се самозапалил пред израелската амбасада.

Активниот припадник на американското воено воздухопловство се самозапалил во неделата пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа, јавуваат бројни американски медиуми.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцидот. Ќе се впуштам во екстремен чин на протест, но во споредба со она што луѓето го доживуваат во Палестина од рацете на колонизаторите, ова воопшто не е екстремно. Ова е она што нашата владејачка елита одлучи дека ќе биде нормално“, рече 25-годишниот Арон Бушнел пред да се самозапали.

Видеото кое го прикажува моментот кога Бушнел се самозапалил стана вирално.

Пламенот бил изгаснат од персоналот на Тајната служба, а Бушнел подоцна бил пренесен во болница со „критични повреди опасни по живот“, каде што починал.

Неговите последни зборови биле: „Слободна Палестина“.

Слични содржини