Слободни 450 кревети: Се намалува број на хоспитализирани пациенти во сите болници

од Берта Китинска
197 прегледи

Бројот на заболени и хоспитализирани лица во земјава се намалува.

-Бројот и овие изминати денови на пациенти на кои што е им е потреба хоспитализација и натаму е оној тренд на одржување на мал број на хоспитализирани пациенти во сите болници, не само во Скопје туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам дека прекршувањата на мерките не беа чести, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Скопски ковид-центри

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти, а отпуштени се дома 38 оздравени. Вкупната бројка на хоспитализирани во моментов изнесува 338, додека бројот на слободни кревети до утрово изнесувал 98, соопшти Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите, наведуваат оттаму, се на кислородна поддршка.

Најголем дел од пациентите се сместени во Градската општа болница „8 Септември“ – 108 и на Инфективната клиника – 92.

Во детската болница во Козле, пак, има 18 пациенти. Во ковид-центрите на останатите клиники, пак, има: на Институтот ТБЦ 25 пациенти; на Клиниката за неврологија 24; на Клиниката за нефрологија 20; на Кожната и на Клиниката за гастроентерохепатологија по 18; на ОРЛ 17; и на Клиниката за очни болести 4.

Ковид центри низ држвата

Во ковид центрите во болниците низ земјава во последното деноноќие  се хоспитализирани вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Според извештаите, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 53, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 28  болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Преку ковакс системот земјава ќе ги добие првите вакцини против коронавирус.

Стигна писмото од КОВАКС  дека можно е вакцината да стигне на крајот на јануари почетокот на февруари, ние веќе аплициравме да бидеме во првата група на земји во однос на спремноста за прием на вакцините, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Крајниот рок за  поднесување апликација е 18 јануари. Според писмото станува збор за фајзеровата вакцина, а следната што доаѓа предвид е на “Астра Зенека“. Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, изјави Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.

Слични содржини