Слободно преку Евзони: Грција ги отвора границите за македонските државјани

од Берта Китинска

Грција ги отвара границите за Македонија. Лицата кои ќе сакаат да заминат на одмор ќе треба да имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од  се отвора за сите граѓани на Република Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Од ГП Богородица информираа дека граничните проверки се подготвени, и се располага со доволен број на полициски службеници.Граничниот премин Евзони грчките власти го затворија во март минатата година, непосредно по прогласувањето на пандемијата со корона вирусот.

Слични содржини