Квотите не делуваат, бидејќи луѓето не можат да бидат наведени да прифатат нешто што не сакаат.
Шенген е во опасност. Тоа, го рече министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак. Според него на Европската унија му недостасува лидерство по прашањето за бегалската криза. Во интервју за австриското издание “Ди Пресе” Лајчак признава дека ја поддржува одлуката на властите во Виена за поставување на праг при прием на бегалци. Според него, земјите ќе преземат самостојни одлуки, додека не се најде европско решение на проблемот. “Шенген е во опасност. Два месеци по средбата со Турција не гледаме намалување на бројот на бегалците кои пристигнуваат во Грција. Треба да видиме како може да ги заштитиме надворешните граници, а ако Грција пример не може сама да се заштити, тогаш таа е обврзана да прифати помош од ЕУ “, рече уште словачкиот дипломат и потврди дека квотата за распределба на бегалците не го решава проблемот.
“Ние треба да ставиме акцент на заштитата на границите и регистрацијата на луѓето. Пред извесно време по ова прашање бевме сами, а денес сите го поддржуваат овој пристап”, додаде Лајчак. Квотите не делуваат, бидејќи луѓето не можат да бидат наведени да прифатат нешто што не сакаат … Не е чесно да прифатиме квотите, а само после 4 месеци бегалците повторно да бидат во Австрија. Квотите и дистрибуција не ги зема предвид разликите меѓу одделни земји во ЕУ. Сеедно сите сме со една приказна и еднаков менталитет, рече уште Лајчак и потсети дека има држави со вековната колонијална историја, општества каде луѓето со различно потекло живеат во оваа време заедно, а во посткомунистичките општества има хомоген свет без миграција. Мирослав Лајчак рече дека би сакал Словачка да биде крајна дестинација за бегалци, бидејќи тоа би значело дека земјата има највисокиот стандард за живот. Луѓето не ги ризикуваат своите животи за да дојдат до Словачка и Естонија … За нив нема 28 држави од ЕУ. Туку тие сакаат да стигнат до земјите каде има најмногу социјални бенефиции, рече уште словачкиот министер за надворешни работи.