Државјанин на Република Словачка бил удрен од автомобил во центарот на Скопје, извести МВР.
Според полицијата, вчера вечерта, во 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот ВМРО во Скопје, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (34) од Скопје, удрило во С. П. (33) од Словачка.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот С. П., констатирани во комплексот клиники Мајка Тереза“, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.