Словачкиот МО тврди дека Руси ги саботирале авионите испратени во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Украина со недели бара од западните сојузници борбени авиони. Тие се клучни за борбата против руската армија. Полска и Словачка испратија неколку машини во Украина. Меѓутоа, сега се покажа дека борбените авиони МиГ-29 испорачани од Словачка не се оперативни. Веројатно затоа што биле саботирани од руски техничари, изјави словачкиот министер за одбрана Јарослав Над, пренесува „Телеграф“.

Тој рече дека единствените расипани делови во борбените авиони ги поставиле руски техничари кои до минатата година работеле во базата на словачките воздухопловни сили.

„Тие се способни да летаат, но тоа не значи дека се способни да се борат. Полицијата врши увид врз основа на нашите сомнежи“, навел тој.

Техничарите се стационирани во Словачка како дел од долгорочниот договор со Русија, изјави генералот Љубомир Свобода (61), заменик началник на словачката армија. Причината е затоа што Русите имале „поголемо знаење“ за борбениот авион.

Доколку се потврди сомнежот за саботажа, тоа би претставувало дебакл. Бидејќи Словачка е членка на НАТО, а руските техничари „се плеткаат“ со борбени авиони во земјата на алијансата – тоа би бил голем скандал.

Прозападната влада на Словачка минатиот месец стана втората земја во Централна Европа по Полска која донираше борбени авиони на Украина. Таа вети дека ќе ги испрати сите нејзини преостанати 11 МиГ-29 во Украина и ѝ беше ветена зголемена помош од ЕУ и дополнителни американски воени резерви како компензација.

Слични содржини