Словачкиот премиер одработи трета смена во фабрика

од desk2
63 прегледи

Премиерот на Словачка – Роберт Фико, одработи 8-часовна ноќна смена на производната лента во една фабрика во околината на Братислава. Гестот е во знак на солидарност со работниците кои бараат покачување на платата.

Фико отиде да работи рамо до рамо со фабричките работници откако германските инвеститори (DSIHK) минатата седмица протестираа против планираното воведување на новиот нацрт за плати на словачката влада, кој предвидува поголеми премии за ноќното работење и работниците во трета смена.

Според нацрт-законот, предложен од Социјалдемократите на Фико, за секој час ноќна работа ќе се додаваат по 1.40 евра. Во моментов работниците за ноќните смени добиваат само 50 центи по час.

Прочитајте и: Експлодираше фабрика во Турција
Словачка е една од членките на ЕУ со најниски плати, и една од омилените дестинации за отварање на подружници на европските компании.