Словенечката „Адриа Ервејз“ поднесе барање за банкрот, откажани сите летови

од desk2
195 прегледи

 

Словенечката компанија „Адриа Ервејз“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, се наведува во соопштението што го објави компанијата.

Ваквиот развој на ситуацијата следи откако авиопревозникот минатата недела откажа голем број летови поради финансиски проблеми.

„Постапката за прогласување на банкротот е покрената од страна на управата на компанијата“, соопшти Адриа, која е во сопственост на германскиот инвестициски фонд 4К Инвест.

Судот има законски рок од три дена во кој ќе донесе одлука за отворање на постапката за банкрот.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија, Здравко Почивалешк, изјави дека владата ја разгледува можноста за основање ннов национален авиопревозник кој би ја подобрил меѓународната поврзаност на Словенија, по банкротот на „Адриа ервејз“.