107
Словенечката полиција синоќа на граничниот премин Трновец, употреби солзавец против насобраните бегалците, јавија хрватските медиуми.
Како што наведува ХРТ, во Меѓумурје, кај граничниот премин Трновец, синоќа околу 23 часот дошла група од околу 1.800 лица, кои по 20 часа минати на дожд почнале да влегуваат во Словенија.
Последните автобуси на преминот пристигнале околу 20 часот, а во желбата да дојдат до превоз за продолжување на патот кон Австрија и Германија, бегалците почнале да се туркаат со словенечките полицајци, кои потоа употребиле солзавец.
Како што наведува хрватската телевизија, со солзавец биле испрскани и мали деца./МИА