Словенечки имунолог: Вакцинираните се помалку заштитени од омикрон отколку тие што го прележале Ковид-19

од Nikola Popovski
474 прегледи

Оние кои се вакцинирале против Ковид-19 ќе бидат помалку заштитени од омикрон, отколку оние кои се заразиле и го прележале коронавирусот, изјави познатиот словенечки имунолог д-р Алојз Ихан.

-Вакцинираните добиваат главно антитела кои се многу чувствителни на новите соеви, што значи дека имаат помала отпорност на мутираниот сој, за разлика од оние кои биле подложени на некои од претходните соеви на Ковид-19, кој го штити клеточниот имунитет што се развива во нивното тело, вели Ихан, а пренесе Хина.

-Оние кои го прележале Ковид-19, покрај антителата развиваат и клеточен имунитет, така што мала е веројатноста дека нивниот имунолошки одговор ќе биде послаб од претходните соеви, па затоа не мора да бидат толку загрижени за новата варијанта, рече Ихан.

Тој додаде дека новиот сој на омикрон има необична комбинација на промени во структурата на вирусот, што укажува дека тој се развивал во подолг временски период „на имунокомпромитирана личност“.

Што се однесува до зголемениот број земји што ги затвораат границите во обид да го спречат ширењето на омикрон од странство, Ихан вели дека тоа е „рефлексна реакција“, бидејќи реагирале во случај на некои претходни соеви, иако подоцна се покажало дека тоа е не е потребно.

-Дали подоцна ќе можеме да кажеме дали мерките што се преземаат сега биле неопходни или не, но во оваа епидемиолошка ситуација подобро е да се биде внимателен и да се преземат мерки порано отколку доцна“, рече Ихан.

Светската здравствена организација вчера објави дека сојот омикрон на Ковид-19 најверојатно ќе се прошири низ целиот свет и ќе претставува „многу висок“ глобален ризик и ги советуваше земјите да ја забрзаат вакцинацијата на групите со висок приоритет.

Слични содржини