Словенечкото МНР до Захариева: Ние не ги користиме услугите на ИФИМЕС

од Nikola Popovski
596 прегледи

„Словенечката влада не ги користи услугите на институтот ИФИМЕС“, овва на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и го изјавил нејзиниот словенечки колега Анге Логар.

Двајцата разговарале за низата „анализи“ објавени од словенечката невладина организација „Меѓународен институт за Средноисточни и балкански студии“, чија цел, според БГНЕС, е „дискредитација на Бугарија преку лажни и манипулативни информации“.

Логар ја уверил Захариева дека словенечката влада не ги користела анализите на институтот.

Таа истакнала дека солидарноста е најдоброто оружје против јавните дезинформации и кампањите за говор на омраза што служат за интересите на земјите што не се членки на ЕУ и имаат за цел да ја повредат Унијата. Захариева рекла дека очекува Софија и Љубљана да работат заедно за евроинтеграциите на регионот за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Властите во Софија се лути по објавениот извештај на ИФИМЕС и Министерството за надворешни работи на Бугарија го повика македонскиот амбасадор Крстевски да даде објаснувања дали Владата во Скопје е поврзана со кампања спроведена преку овој институт.

ИФИМЕС во својата анализа напиша дека бугарските власти пласираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарско потекло и оти Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

„Не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“, коментираше словенечкиот Институт.

Македонската влада вечерва соопшти дека ја оценува како несоодветна постапката вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија, Владимир Крстевски да биде повикан на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

– Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Северна Македонија заврши во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се наведува во владиното соопштение.

Слични содржини